Следете ги вашите инвестиции преку новата мобилна апликација на Генерали Инвестментс
Горди сме и среќни што можеме да ја најавиме нашата бесплатна мобилна апликација преку која може да ја следите вредноста на вашите средства. Мобилната апликацијата која е наменета за инвеститорите на Генерали Инвестментс АД Скопје фондовите е официјално отворена за користење. Бесплатната апликација ви овозможува целосно искористување на времето и флексибилноста, бидејќи ви нуди: – […]
Горди сме и среќни што можеме да ја најавиме нашата бесплатна мобилна апликација преку која може да ја следите вредноста на вашите средства. Мобилната апликацијата која е наменета за инвеститорите на Генерали Инвестментс АД Скопје фондовите е официјално отворена за користење.
Бесплатната апликација ви овозможува целосно искористување на времето и флексибилноста, бидејќи ви нуди:
– преглед на дневната цена на уделите , едногодишна, тригодишна и петгодишна промена на движењето на цената на сите фондови;
– можност да запознаeте индивидуален фонд и да ги анализирате неговите перформанси преку илустративен графикон;
– преглед на профитабилноста на плановите за штедење;
– да ги прочитате најновите објави и стручни написи;
– вo секое време да го следите тековниот статус на Вашите инвестиции
Преку апликацијата, можете брзо и лесно да не пронајдете и да ги исконтактирате нашите финансиски советници. Со регистрација на мобилната апликација, инвеститорите на Generali Investments добиваат увид во тековниот статус на нивните инвестиции. Имајте преглед на Вашето портфолио 24 часа на ден, 365 дена во годината.
Како да се пријавите во апликацијата?
ЕДНОСТАВНО!
Инвеститорите треба да си создадат кориснички профил преку процесот на регистрација. Понатамошното користење е со употреба на ПИН-код или со употреба на биометриски податоци.
Повеќе за мобилната апликација https://www.generali-investments.mk/mobilna-aplikacija/
https://play.google.com/store/apps/details?id=mk.generali.investments.app
PLAY
https://apps.apple.com/us/app/generali-investments-slovenija/id1490228533?ls=1
APPLE