Програмирани планови
Зрно по зрно погача
Секако, подобро е да вложувате дел од парите секој месец за одредена намена отколку да ги трошите безгрижно.
Креирајте го својот план за штедење
Зошто програмиран план?
Програмираниот план е организиран и профитабилен систем за долгорочно вложување. Редовните уплати ви помагаат во постепеното создавање и оплодување на вашите заштеди.
Нередовно штедење никому не му помогнало да си ги оствари зацртаните цели. Ќе бидете многу поуспешни и позадоволни од самите себе, доколку се водите по однапред составен план за вложување.