Генерали Југоисточна Европа
Акциски фонд
Фондот Генерали Југоисточна Европа е еден од првите македонски отворени инвестициски фондови. Инвестициската политика на фондот е насочена кон остварување натпросечен принос преку инвестирање во акции на компании со висок потенцијал за раст во земјите на Југоисточна Европа кои ги вклучуваат пазарите на земјите од поранешна Југославија и поширокиот регион. Фондот може да вложува и во земјите членки на ЕУ и ОЕЦД. Во рамки на инвестициската стратегија, Фондот се очекува да оствари висок принос, поврзан со високо ниво на ризик. Со цел да се искористат профитабилно информациите, најголемиот дел од вложувањата ќе се инвестираат на капиталниот пазар во Македонија. Сето ова е со цел оптимална диверзификација на портфолиото и намалување на ризикот.