Понеденик – Петок: 08.00 – 16.00
Е- пошта: info@generali-investments.mk
Обратете се кај нашите финансиски советници и закажете термин за средба
во нашите канцеларии
Известување за промена на сметки за уплата
Известување за промена на сметки за уплата
Понеденик – Петок: 08.00 – 16.00
Е- пошта: info@generali-investments.mk
Обратете се кај нашите финансиски советници и закажете термин за средба
во нашите канцеларии
Инвестициски фонд се здружени парични средства наменети за инвестирање, прибрани од инвеститори преку јавен повик или приватна понуда, со кои за сметка на инвеститорите управува друштво за управување со фондови.
Друштвото за управување со инвестициски фондови е акционерско друштво со седиште во Република Северна Македонија, кое има добиено дозвола од Комисија за хартии од вредност за вршење на работи за основање и управување со инвестициски фондови.
Друштвото за управување со инвестициски фондови управува со средствата на фондот во согласност со инвестициската политика на фондот, која внимателно ја избира соодветната инвестиција која има потенцијал за раст на пазарната вредност. Инвестициската политика на одреден фонд е детално опишана во Проспектот на фондот.
Критериум за успешноста на работењето на инвестицискиот фонд е приносот на фондот (зголемување на уделот на имотот на фондот) во споредба со benchmark (стандард или референтна вредност со која се прават различни споредби и претставува репер за успешноста на фондовите), кој е специфициран за секој фонд одделно во проспектот со вклучените правила на управување.
Да.
Да, инвеститори може да бидат компании, акционерски друштва, фондации, општини итн.
Да, може да се уплаќаат средства во име на малолетно дете.
На сопственикот на удели во фондот му се гарантираат следниве права:
– право на информираност;
– право на дел од добивката на фондот;
– право на продажба на уделите од фондот, односно обврска за откуп на удели од страна на Друштвото; и
– право на исплата на дел од ликвидационата маса на фондот.
Комисијата за хартии од вредност издава решение за дозвола за работење и ја надгледува работата на друштвото за управување и инвестициските фондови.
Депозитарната банка ги чува средствата на инвестицискиот фонд и контролира дали инвестицискиот фонд располага со средствата на фондот во согласност со Законот за инвестициски фондови и со статутот на фондот.
Во случај кога Комисијата ќе донесе решение со кое ја одзема дозволата за работа на друштвото за управување и во случај на стечај или ликвидација на друштвото за управување, работите на управување со инвестициски фондови кои ги вршело ова друштво се пренесуваат на друго друштво за управување. Комисијата за хартии од вредност го врши изборот на друштвото за управување на кое ќе бидат пренесени работите на управување со инвестициските фондови.
Средствата од фондот се вложуваат во различни финансиски инструменти. Теоретски, би можел да пропадне, ако во исто време сите издавачи на хартии од вредност (компании, државни институции, банки итн.), кои се во портфолиото на фондот “пропаднат”.
Удел во инвестициски фонд претставува сразмерен пресметковен дел од вкупната вредност од инвестицискиот фонд.
Уделите во отворените фондови не може слободно да се пренесуваат, освен по основ на наследство или договор за поклон.
Цената на уделот се пресметува на дневна основа, согласно пазарната вредност на сите финансиски инструменти од портфолиото на фондот. Цените и бројот на уделите се изразуваат во четири децимални места.
Секој фонд има различна инвестициска политика, која е пропишана во проспектот на секој фонд, каде се наведени видовите на финансиски инструменти во кои може да се вложат средствата на фондот и лимитите на поединечни инвестиции кои се специфични за секој одделно фонд.
Со имотот на фондот за сметка на сите инвеститори управуваат квалификувани професионалци во друштвото за управување, кои редовно го следат развојот на светските пазари на капитал, реагираат на промените и внимателно ги одбираат инвестициите, водејќи се од принципот на диверзификација (распределба) на ризикот и намалување на трошоците за тргување.
Не.
Проспектот на секој фонд е јавно објавен и ги содржи сите потребни информации, врз основа на кои потенцијалните вложувачи можат да донесат разумна одлука за вложување во Фондот.
Надоместоци кои се наплатуваат од инвеститорот во Фондот се:
Овластено правно лице кое врши ревизија на финансиските извештаи на фондовите е Друштво за ревизија РАСЕЛ БЕДФОРД АТАНАСОВСКИ ДООЕЛ Скопје.
Приходите од инструментите во кои се вложени средствата на Фондот, како што се капитални добивки, позитивни курсни разлики, дивиденди и каматни приходи, нема да се исплатуваат, туку автоматски ќе бидат реинвестирани со цел да се зголеми цената на уделот во Фондот. Добивката на Фондот е содржана во нето вредноста на имотот на Фондот по удел, а сопствениците на удели правото на учество во добивката можат да го реализираат преку продажба на уделите односно откуп на уделите од страна на Друштвото за управување.
Друштвото е должно да достави потврда за секоја уплата односно исплата од фондот, како и на барање на сопственикот на удели или нивни овластен застапник, која содржи информации за последната трансакција на инвеститорот и моментална состојба уделите на фондот кои се во нивна сопственост.
Друштвото секој работен ден објавува на својата официјалната интернет страна информации за дневната цена, дневната промена на уделот и нето вредноста на поединечен фонд. На официјалната интернет страна е поставена и архивата на историските цени на уделите на фондовите.
Денот на вреднување e денот за кој се пресметува нето вредноста на имотот на Фондот. Денот на вреднување (т-1) му претходи на денот на пресметка (т) во текот на кој што се пресметува нето вредноста на имотот на Фондот.
Да, секој инвеститор може да овласти со полномошно издадено од нотар друго физичко лице како свој полномошник со цел да извршува трансакции во негово име.
Полномошникот на физичкото лице (инвеститорот) е овластен да врши одредени трансакции поврзани со фондовите. Полномошникот може да поднесе барање за купување, откуп или пренос на средства помеѓу инвестициските фондови. Сите трансакции (уплата/исплата) се вршат секогаш од личната сметка на инвеститорот, а не од сметката на полномошникот.
Полномошното важи додека е жив инвеститорот. Во случај на смрт, полномошното престанува да важи. Средствата на инвеститорот во фондот се делат на законските наследници.
Траен налог е инструмент за плаќање. Инвеститорот може да активира траен налог со којшто ја овластува банката во негово име и од средствата на неговата трансакциска сметка да врши редовни уплати на месечна основа во фондот. Тие ја поедноставуваат уплатата во програмираните планови.
Секој инвеститор сам си ја одредува уплатата при еднократни уплати според неговите можности, доколку кај програмираните планови минималниот паричен износ за купување на удели изнесува 500 денари.
Трајниот налог е исклучително корисен производ со чие користење Вие заштедувате време, не мора да одите во банка да трошите време на чекање ред во местата за уплата на налог секој месец. Ваша задача е да изберете датум и да го дефинирате износот на уплатата на кој што Банката преку трајниот налог ќе ги повлекува средства од Вашата трансакциска сметка на трансакциската сметка на Фондот. Постои и можност за паузирање на трајниот налог.
Инструкции за пополнување на формуларот за активација на траен налог ќе добиете во нашите канцеларии. Трајниот налог ќе ви биде активиран од страна на вработени лица во Друштвото.
Надоместокот за користење на оваа услуга зависи од матичната банка на инвеститорот. Информација за точниот износ може да добиете од вашата матична банка.
Инвеститорот може да го паузира трајниот налог или да го деактивира истиот, со претходна најава во Друштвото.
Доколку во одреден месец немате доволно средства, трајниот налог нема автоматски да се деактивира – ќе продолжи да повлекува средства од нареден месец а притоа не плаќате никакви казни или пенали.
Може. Најпрво се пополнува формулар за деактивација на постоечкиот трајниот налог, а потоа се пополнува формулар за активирање на нов траен налог при што истите се реализираат од страна на вработен во Друштвото.
Во случај на смрт на инвеститорот, уделите од фондот што ги поседувал се предмет на решение за наследство. Во одлуката за наследство мора јасно да се наведе начинот на кој уделите од инвеститорот треба да бидат распределени меѓу наследниците.
За да го зголемите приносот на вашите заштеди, а притоа соодветно да се заштитите од економски кризи, обезвреднување поради инфлација, како и можна девалвација на денарот, треба да се стремите кон балансирана распределба на вложувањата во различни финансиски инструменти и валути, вклучително и акции од меѓународни корпорации. Најлесниот начин да го постигнете соодветниот сооднос е да искористите веќе подготвено портфолио, односно да вложувате преку инвестициски фонд.
Програмираниот план е организиран и исплатлив систем за долгорочно вложување. Редовните уплати ви помагаат во постепеното создавање и оплодување на вашите заштеди.
ПРЕДНОСТИ НА ПРОГРАМИРАНИОТ ПЛАН:
Тоа е личен избор. Може да биде намет за детско штедење , за пензија, за купување на недвижност и сл.
Јасно е дека берзите се движат во обете насоки – на моменти растат, на моменти опаѓаат и никој со сигурност не може да каже во која насока ќе тргнат од моментот кога Вие ќе се одлучите да вложите. Но, токму во нивната непостојаност се крие потенцијалот за добра заработка. Па така, вложувајќи секој месец по еднаков износ, Вие автоматски ги нивелирате тековните промени и си обезбедувате подобри резултати за заштедените пари.
Програмиран план со дефиниран износ – тип 1
Предности кои ги нуди овој тип на постепено вложување се следните:
Програмиран план со дефиниран период – тип 2
Предности кои ги нуди овој тип на постепено вложување се следните:
Сигурноста на влогот, тековните примања и очекуваниот принос, се фактори коишто треба да влијаат врз одлуката како и каде да се вложува, а тие од своја страна се предодредени од возраста на поединецот, животна фаза во која тој/таа се наоѓа, работната позиција, како и индивидуалните околности. Врз база на овие фактори ќе ве советуваме кој план е најдобар за вас.
Внесете податоци за контакт и изберете БЕСПЛАТЕН термин за советување во нашите канцеларии или оставете ги само вашите податоци за да ве контактираме и да договориме термин за лична средба.
* Полињата означени со ѕвездичка се задолжителни.
Внесете податоци за контакт и изберете БЕСПЛАТЕН термин за советување во нашите канцеларии или оставете ги само вашите податоци за да ве контактираме и да договориме термин за лична средба.
* Полињата означени со ѕвездичка се задолжителни.
Со помош на нашите совети за вложување и тематските содржини, го збогатувате вашето знаење околу вложувањето во инвестициски фондови. Пријавете се за е-весник и добивајте корисни содржини на вашиот e-mail.
Закажете термин за бесплатно советување
Ве известуваме дека согласно извршеното спојување на отворените инвестициски фондови ГЕНЕРАЛИ Југоисточна Европа, Генерали Глобал Растечки Пазари и Генерали Кеш Фонд, кон отворените инвестициски фондови ГЕНЕРАЛИ Нова ЕУ, Генерали БРИК и Генерали Кеш Депозит, старите сметки се веќе неактивни и во иднина потребно е сите уплати да се вршат на следниве трансакциски сметки:
Генерали НОВА ЕУ (за Генерали Југоисточна Европа): 210-0636457807-67
Генерали БРИК (за Генерали Глобал Растечки Пазари) : 210-0636457804-76
Генерали Кеш Депозит (за Генерали Кеш Фонд) : 210-0636457806-70
Друштво за управување со инвестициски
фондови ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС АД Скопје,
бул. Партизански одреди бр.14А/1-2, 1000 Скопје