Известување за промена на сметки за уплата

Известување за промена на сметки за уплата

Податоци за фондот

годишен принос* 3-годишен принос* 5-годишен принос*
1,31 % 4,14 % 8,23 %
Генерали Кеш Депозит
Вид на фонд паричен фонд
Надоместок за депозитарна банка

Надоместокот за депозитарна банка се наплаќа од средствата на фондот, а не директно од сопствениците на удели. Надоместокот за депозитарната банка се исплаќа еднаш месечно, како збир на сите дневни вредности на надоместок за месецот на кој што се однесува пресметката.


0,20 %
Максимална влезна провизија 0% - 0 %
Максимална излезна провизија 0% - 0 %
Управувачка провизија 1 %
Основан на 15. 09. 2012
Нето вредност на имотот од фондот 13.05.2022 (МКД) 1.372.920.327,94
Трансакциска сметка 210-0636457806-70
Идентификациски број 9110000000097

Инвестициската цел на Фондот е зголемување на вредноста на имотот, остварување на постојан раст на вредноста на уделот и високо ниво на сигурност при вложувањето. Генерали Кеш Депозит е исклучително корисна и едноставна алатка за правните лица кои се свесни за придобивките од активното управување со тековните средства. Исто така, фондот е наменет и за физички лица кои сакаат да остварат принос на своите заштеди без да се обврзуваат со временски рокови. Временскиот период препорачлив за вложување во фондот не е ограничен, односно зависи од индивидуалните преференции.

* Податоци за ден 13.05.2022

Графикон

ОД:

ДО:

Каде инвестира фондот?

Средствата на Фондот се инвестираат во депозити, на пазарите на пари и во должнички хартии од вредност на издавачи од Република Македонија, ЕУ и ОЕЦД.
Структура на портфолиото на ден

Друго: 31.12.2021

Дојдете на стручни консултации

Сигурноста на влогот, тековните примања и очекуваниот принос, се фактори коишто треба да влијаат врз одлуката како и каде да се вложува, а тие од своја страна се предодредени од возраста на поединецот, животна фаза во која се наоѓа, работната позиција, како и индивидуалните околности. Врз база на овие фактори ќе ве советуваме кој план е најдобар за вас.

Основни документи и архива

Актуелни документи
Барање за купување

Куповните трансакции се реализираат врз основа на уредно пополнето барање за купување на удели, во кое ја наведувате сумата што сакате да ја вложите како еднократна уплата или посочувате каков тип на програмиран план да ви биде активиран.

Пополнетиот и заверен образец на Барањето за купување на удели може да го поднесете секој работен ден во деловните простории на Друштвото или преку електронската адреса: info@generali-investments.mk

Барање за откуп

Доколку сакате да извршите откуп на средства од фондот, треба да го пополните образецот барање за откуп, да го наведете точниот износ и трансакциската сметка на која што сакате да ви бидат префрлени средствата.

Пополнетиот и заверен образец на Барањето за откуп/пренос може да го поднесете секој работен ден во деловните простории на Друштвото или преку електронската адреса: info@generali-investments.mk

Доколку ви е потребна помош при пополнувањето на образецот, можете да ни се јавите на следниве телефонски броеви 02 60 90 300 или 078 424 885, секој работен ден од 09 до 15 часот.

Барање за пренос

Доколку сакате да извршите пренос на средства од еден во друг фонд, треба да го пополните образецот барање за пренос на удели, да го наведете точниот износ и името на фондот во кој што ќе бидат префрлени средствата.

Пополнетиот и заверен образец на Барањето за пренос може да го поднесете секој работен ден во деловните простории на Друштвото или преку електронската адреса: info@generali-investments.mk

Доколку ви е потребна помош при пополнувањето на образецот, можете да ни се јавите на следниве телефонски броеви 02 60 90 300 или 078 424 885, секој работен ден од 09 до 15 часот.