Известување за промена на сметки за уплата

Известување за промена на сметки за уплата

Податоци за фондот

годишен принос* 3-годишен принос* 5-годишен принос*
1,04 % 6,43 % 16,73 %
Генерали Глобал Растечки Пазари
Вид на фонд акциски фонд
Максимална влезна провизија 0% - 5 %
Максимална излезна провизија 0% - 0 %
Управувачка провизија 3 %
Основан на 21. 11. 2007
Нето вредност на имотот од фондот 03.05.2022 (МКД) 64.173.677,05
Трансакциска сметка 210-0624945002-80
Идентификациски број 9110000000070

Инвестициската цел на фондот е зголемување на вредноста на имотот, односно пораст на цената на уделот, гледано на долг рок.Друштвото има цел прибраните парични средства во Фондот да ги вложува во свое име и за сметка на сопствениците на удели, во финансиски инструменти на домашни и странски пазари на хартии од вредност, заради остварување приноси, пред сè на долг рок, притоа почитувајќи ја инвестициската политика, постојните ограничувања на вложувањата, како и принципите за ликвидност, профитабилност, диверзификација на ризикот, транспарентност, совесност и професионалност, заштита на интересите на странките, доверливост и тајност на податоците и непристрасност и неутралност.

* Податоци за ден 03.05.2022

Графикон

ОД:

ДО:

Каде инвестира фондот?

Фондот Генерали Глобал Растечки Пазари вложува во акции од развиените земји воглавно во земјите членки на ЕУ и САД, како и во растечките економии Русија, Кина, Бразил, Индија и земјите од Балканот.

Структура на портфолиото на ден

Друго: 31.12.2021

Дојдете на стручни консултации

Сигурноста на влогот, тековните примања и очекуваниот принос, се фактори коишто треба да влијаат врз одлуката како и каде да се вложува, а тие од своја страна се предодредени од возраста на поединецот, животна фаза во која се наоѓа, работната позиција, како и индивидуалните околности. Врз база на овие фактори ќе ве советуваме кој план е најдобар за вас.

Основни документи и архива

Актуелни документи
Апликација за ажурирање

Комисијата за хартии од вредност на седницата одржана на ден 18.01.2019 година донесе Одлука бр.08-102/1 со кое ги задолжи друштвата за управување со инвестициски фондови да вршат регистрирање на податоците на сите досегашни и идни клиенти физички и правни лица на тој начин што клиентите ќе пополнуваат апликација за регистрирање/ажурирање на клиент.

Пополнетиот и заверен образец на Апликацијата може да го поднесете секој работен ден во деловните простории на Друштвото или преку електронската адреса: info@generali-investments.mk

Доколку ви е потребна помош при пополнувањето на образецот, можете да ни се јавите на следниве телефонски броеви 02 60 90 300 или 078 424 885, секој работен ден од 09 до 15 часот.

FATCA-Изјава

Согласно Законот за усогласување на даноците по странски сметки (Foreign Account Tax Compliance Act -FATCA) донесен од страна на Соединетите Американски држави во март 2010 година, се воведува обврска за размена на информации и доставување на податоци за американските граѓани кои поседуваат offshore сметки и одреден финансиски имот во странство. Овој Закон има за цел да го спречи затајувањето данок од страна на американските даночни обврзници кои имаат сметки во странство.

Почнувајќи од 01.07.2014, Генерали Инвестментс АД Скопје имплементира стандардизирана процедура на идентификација на сите свои клиенти почитувајќи и применувајќи ги законската и подзаконската регулаатива во Република Северна Македонија, како и Законот за усогласување на даноците по странски сметки.

Пополнетиот и заверен образец FATCA може да го поднесете секој работен ден во деловните простории на Друштвото или преку електронската адреса: info@generali-investments.mk

Доколку ви е потребна помош при пополнувањето на образецот, можете да ни се јавите на следниве телефонски броеви 02 60 90 300 или 078 424 885, секој работен ден од 09 до 15 часот.

Барање за купување

Куповните трансакции се реализираат врз основа на уредно пополнето барање за купување на удели, во кое ја наведувате сумата што сакате да ја вложите како еднократна уплата или посочувате каков тип на програмиран план да ви биде активиран.

Пополнетиот и заверен образец на Барањето за купување на удели може да го поднесете секој работен ден во деловните простории на Друштвото или преку електронската адреса: info@generali-investments.mk

Барање за откуп

Доколку сакате да извршите откуп на средства од фондот, треба да го пополните образецот барање за откуп, да го наведете точниот износ и трансакциската сметка на која што сакате да ви бидат префрлени средствата.

Пополнетиот и заверен образец на Барањето за откуп/пренос може да го поднесете секој работен ден во деловните простории на Друштвото или преку електронската адреса: info@generali-investments.mk

Доколку ви е потребна помош при пополнувањето на образецот, можете да ни се јавите на следниве телефонски броеви 02 60 90 300 или 078 424 885, секој работен ден од 09 до 15 часот.

Пристапница

Со пополнувањето на пристапница, секое физичко или правно лице може да пристапи кон избраниот фонд и да извршува трансакции со удели. Пристапницата се пополнува на посебен формулар, во кој се содржани идентификациски и контакт податоци за вложувачот, како и писмена изјава со која тој изјавува дека е запознат со правилата на работење на фондот и дека истите во целост ги разбира и прифаќа.

Пополнетиот и заверен образец на Пристапницата на удели може да го поднесете секој работен ден во деловните простории на Друштвото или преку електронската адреса: info@generali-investments.mk