Генерали Топ Брендови
Акциски фонд
Генерали Топ Брендови е глобално ориентиран фонд со акцент на “Blue Chip” компании кои функционираат во повеќе земји и региони, така што економските и политичките услови надвор од неговата матична земја влијаат на неговите перформанси. Неговата суштина е флексибилност, што значи приспособување кон условите на пазарот. Овие компании имаат најбрз пристап како до човечки, така и до финансиски капитал. За возврат, тие создаваат идеи што го менуваат светот. Фондот инвестира во компании кои глобално вработуваат таленти и се брзи во реализација на нивните идеи. Генерали Топ Брендови е комбинација од сигурност и профитабилност.